свет

Бегалец од Еритреја, кој дојде во Нов Зеланд да работи како хигиеничар, стана пратеник

- Поранешниот бегалец од Еритреја, Ибрахим Омер, кандидат од Лабуристичката партија, на општите избори во Нов Зеланд стана прв пратеник во земјата со потекло од Африка

Tufan Aktaş  | 19.10.2020 - Обновена : 21.10.2020
Бегалец од Еритреја, кој дојде во Нов Зеланд да работи како хигиеничар, стана пратеник

ИСТАНБУЛ

Поранешниот бегалец од Еритреја, Ибрахим Омер, кандидат од Лабуристичката партија, на општите избори во Нов Зеланд стана прв пратеник во земјата со потекло од Африка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Новозеландската медиумска компанија „Стаф“ (Stuff) напиша статија за тешкиот живот на Омер, кој својот живот во Нов Зеланд го започнал како хигиеничар.

Истакнувајќи дека е голема привилегија да се биде прв пратеник со африканско потекло во земјата, Омер рече дека за време на својата должност ќе се залага за проблемите на работниците со ниските плати и за борба против расизмот.

Тој, исто така, истакна дека ќе работи на тоа секој граѓанин на Нов Зеланд да има еднакви можности.

Омер ја напуштил својата земја во 2003 година и се засолнал во Судан. Под обвинение за шпионажа бил приведен додека работел како преведувач во логорите на Обединетите нации (ОН).

Со иницијатива на ОН е ослободен и му е дадена можност да замине за Нов Зеланд. Омер во 2008 година се смести во главниот град Велингтон и започна да работи како хигиеничар.

Омер во 2014 година на Универзитетот „Викторија“ се здобива со образованието за кое сонувал. За возврат на школарината тој ноќе во Универзитетот работел како супервизор на персонал за одржување на хигиената.

Омер, исто така, бил во управата на разни невладини организации. Подоцна стана кандидат за пратеник на Лабуристичката партија. Добивајќи 49 проценти од гласовите стана пратеник од таа партија.

Лабуристичката партија, предводена од премиерката Џасинда Ардерн, победи на општите избори одржани во Нов Зеланд за време на викендот и освои 64 места во Парламентот, кој брои вкупно 120 члена.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.