свет

Бајден упати предупредување до рускиот претседател при својата прва посета во странство

Бајден кажа дека планира да му каже на својот руски колега дека нарушувањето на суверенитетот на демократијата во САД, Европа и на другите места ќе има последици.

Hasan Esen  | 10.06.2021 - Обновена : 11.06.2021
Бајден упати предупредување до рускиот претседател при својата прва посета во странство

ЛОНДОН

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го предупреди својот руски колега Владимир Путин дека Москва ќе се соочи со силен одговор доколку се вклучи во штетни активности.

Бајден имаше обраќање на околу 1.000 припадници на американското воено воздухопловство и на нивните семејства во воената база РАФ Мајлденхол во Сафолк, Велика Британија, во рамките на неговата прва посета во странство како претседател, за да присуствува на претстојниот Самит на Г7 што ќе се одржи во британскиот град Корнвол.

Тој рече дека САД ќе соработуваат со Европа за надминување на најтешките проблеми и прашањата што се најважни за нивната иднина.

Нагласувајќи дека ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин, Бајден не откри детали за содржината на нивниот состанок.

Тој истакна дека САД не сакаат тензии со Русија, туку сакаат стабилни, предвидливи односи со земјата.

Бајден кажа дека планира да му каже на својот руски колега дека нарушувањето на суверенитетот на демократијата во САД, Европа и на другите места ќе има последици.

Џо Бајден ќе се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон на 10 јуни и со кралицата Елизабета Втора на 13 јуни пред да отпатува за главниот град на Белгија.

На 14 јуни ќе присуствува на Самитот на НАТО во Брисел, каде што ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Бајден ќе присуствува и на Самитот САД - ЕУ на 15 јуни во Брисел и ќе оствари средба со претседателот Путин во Женева, Швајцарија, следниот ден.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.