свет

Барзани: „Целта на Турција во Синџар се терористите на ПКК“

Премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак, Барзани истакна дека целта на Турција во регионот Синџар е терористичката организација ПКК

Mazin Majeed Asaad Baqal  | 20.11.2019 - Обновена : 23.11.2019
Барзани: „Целта на Турција во Синџар се терористите на ПКК“

ЕРБИЛ (АА) – Премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак (IKBY), Месрур Барзани, рече дека целта на Турција во регионот Синџар е терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во својот говор на Конференцијата за мир и безбедност на Блискиот Исток што се одржа на Американскиот универзитет во градот Духок, Ирак, Барзани даде изјава за терористичките организации ДЕАШ и ПКК.

На новинарско прашање за воздушните операции на Турција врз целите на ПКК во местото Синџар, недалеку од градот Мосул, Барзани рече: „Тие што не сакаат Турција да го бомбардира регионот, не треба за тоа да ѝ даваат било каква причина на Турција.“

Премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак, Барзани истакна дека целта на Турција во регионот Синџар е терористичката организација ПКК.

„Овие луѓе [ПКК], зошто се во Синџар? На крајот цената за тоа ја плаќаат граѓаните на Синџар. Овие работи се случуваат поради присуството на некои елементи што доаѓаат надвор од Синџар и кои не треба да бидат таму“, нагласи Барзани.

Барзани, посочувајќи дека терористичката организација ДЕАШ продолжува да претставува сериозна закана за регионот, нагласи: „ДЕАШ не е поразена. ДЕАШ изгуби земја, но идеолошки сѐ уште не е елиминирана.“

Наведувајќи дека треба да се направи повеќе од воената борба, Барзани рече дека ДЕАШ има илјадници поддржувачи и симпатизери во Ирак и Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın