Ahmet Sertan Usul
20 Ноември 2019•Ажурирај: 21 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Заврши деветтата заедничка турско-руска копнена патрола во источниот дел на Еуфрат, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека копнената патрола на турско-руските воени елементи во Рас ал Ајн - Камишли завршила според планираното.
Двете страни во патролата учествуваа со по 4 возила и беспилотни летала.
Патролата беше извршена на рута долга 38, а длабока 9 километри.