Ekipa
24 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) и Вооружените сили на Соединетите Американски Држави (САД) ја започнаа својата втора заедничка копнена патрола во рамките на првата фаза за воспоставување безбедносна зона во Сирија, источно од реката Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
На 15 километри источно од областа Акчакале, од турскиот град Шанлиурфа, конвој составен од 4 оклопни возила на Турските вооружени сили (TSK) со турски знамиња ја премина границата за да се приклучи на заедничката копнена патрола со конвојот на САД.
Турските и американските сили ќе спроведат копнена патрола во населеното место Телабјад.
Настаните на нултата точка од границата ги следат голем број медиуми.
Турските вооружени сили (ТСК) и Вооружените сили на САД претходно имаа реализирано копнена патрола и изведоа шест лета со хеликоптер. Заедничката копнена патрола на 8 септември, источно од Еуфрат, траеше околу 3 часа.