Faruk Zorlu
14 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во понеделник навечер допатува во главниот град на Турција, Анкара, каде што денеска ќе присуствува на 10. Конференција на амбасадори, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во текот на денот би требало да се состане и со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, по што двајцата министри ќе одржат конференција за новинарите.
Во текот на посетата на шефот на руската дипломатија на Турција ќе се разговара за регионални и меѓународни теми, вклучувајќи ги посебно билатералните односи со Сирија.
Петдневната Конференција на амбасадори угости 249 турски амбасадори и двајца вршители на должност, како и голем број странски дипломати.