Erbil Başay
13 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека Германија сака економски развиена Турција, и дека тоа ќе биде во нивна корист, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата по нејзината средба со Дениз Звиздиќ, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Меркел одговараше на прашањата околу настаните во Турција.
Меркел рече дека економската дестабилизација на Турција не е во корист на никого, и укажа на независното работење на Централната банка.
Германската канцеларка нагласи дека наскоро со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе разговараат за овие прашања, и дека е во нивна корист опкружувањето на ЕУ да биде стабилно од економски аспект.
„Германија сака економски развиена Турција. Тоа е и во наша корист“, додаде таа.