Merve Yıldızalp
14 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извори од Кабинетот на претседателот на Турција, двајцата челници разговарале за билатералните односи и најважните регионални прашања.
Изразена е решителност и во поглед на дополнително јакнење на односите меѓу Турција и Катар на сите полиња.
Ердоган и Ал Тани се согласија да останат во близок контакт и во наредниот период.