Ömer Yasin Ergin,Ahmet Kaplan
08 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
ШИРНАК
Во рамките на договорот од Сочи, турските и руските војници ја започнаа својата трета заедничка копнена патрола на исток од реката Еуфрат во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Конвојот на Турските вооружени сили (TSK), составен од 4 оклопни возила, за да се приклучи на заедничката патрола со Руската војска ја премина турско-сириската граница од селото Алакамиш во областа Идил, Ширнак.
Турските вооружени сили и руските војници спроведуваат патрола во регионот помеѓу Камишли и Дерик, источно од Еуфрат во Сирија. Конвојот го придружуваат беспилотни летала.
Со третата заедничка копнена патрола, Турските вооружени сили за прв пат влегоа во источниот дел на Камишли.
Развојот на настаните на нултата точка од границата го следат голем број медиуми.
Селото Алакамиш од областа Идили, која се наоѓа на нулта точка на границата со Сирија, претходно се споменуваше како место од каде што терористите на ПКК се обидуваа да влезат во Турција.
Како дел од договорот во Сочи, првата турско-руска заедничка копнена патрола беше спроведена во петокот, 1 ноември, во регионот на 40 километри источно од Рас ал Ајн и на 30 километри западно од Камишли, а втората заедничка патрола беше спроведена на 5 ноември меѓу истокот на Ајн ал Араб и западниот дел на Тел Абјад.