Arif Yusuf,Afra Aksoy
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
БАГДАД (АА) - Во Багдад, главниот град на Ирак, по двата одделни бомбашки напади кои се случија утринава, бројот на загинати порасна на 23 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот од министерството за здравство, Салим ел-Наили, за АА кажа дека во населбата ел-Џедиде во Багдад, каде што живее поголем дел шиитско население, експлодирала автомобил-бомба покрај патот, при што бројот на загинати од таа експлозија се искачил на 15, додека бројот на повредени изнесува 45 лица.
Претставникот од министерството за внатрешни работи, бригадниот генерал Намиз ез-Замили, соопшти дека на северот од Багдад, во квартот Таџи, каде е извршен вториот напад со автомобил-бомба врз контролен пункт на безбедносните сили, бројот на жртви се зголемил на осум. Тој истакна дека бројот на повредени во нападот изнесува 22 војници.