Sefa Mutlu
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
ТЕКНАФ (АА) - Хуманитарната организација ИХХ од Турција им испорача помош на околу 45.000 аракански муслимани кои спас од насилствата во Мјанмар пронајдоа во соседен Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Бангладеш досега преминаа повеќе од 300.000 аракански муслимани, бегајќи од насилствата кои над нив повторно се спроведуваат од 25 август од страна на Мјанмарската војска и будистички милитанти.
Екипата на хуманитарната органзиација ИХХ уште од првиот ден е вклучена во давање помош на загрозените од Аракан во тој дел од светот. Последната помош е поделена во кампот Тханкхали Џамтоли Укија.
Во рамките на акцијата која деновиве се спроведува во тоа подрачје, помош им е испорачана на повеќе од 45.000 аракански бегалци. Станува збор за помош во вид на храна, хигиенски средства, но и финансиска помош.
Според информации добиени од локални извори, меѓу 300.000 аракански бегалци кои досега пристигнаа во Бангладеш, има најмалку 25.000 бебиња.
Во тек се преминувања преку реката Наф, која ги разделува Мјанмар и Бангладеш, а во планинските подрачја во близина на границата, премин чекаат илјадници Араканци.
Најголемит дел од населението на Мјанмар го сочинуваат будисти (56 милиони жители), додека околу 5 отсто од населението се муслимани (околу 2,5 милини жители). Според официјалните податоци и извештаи на Обединетите нации, Рохинџа муслиманите се најзагрозено и најпрогонувано малцинство во светот.