Ekipa
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
АТИНА (АА) - Европската комисија (ЕК) потврди дека на Грција до 2018 година ќе ѝ бидат обезбедени 700 милиони евра хуманитарна помош, за да ѝ се помогне на Атина да се справи со големата бегалска криза, бидејќи во моментов на грчка територија престојуваат десетици илјади бегалци и мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е прв пат членка на ЕУ да добие таква помош која, како што е најавено, ќе ја добијат хуманитарните организации кои соработуваат со грчката влада и кои обезбедуваат помош за бегалците во форма на храна, засолниште, медицински и образовни услуги.
Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со вонредни состојби, соопшти дека бил во Атина на потпишувањето на повеќе договори за кои биле доделени 83 милиони евра помош за осум хуманитарни организации, вклучително и УНХЦР, Данскиот совет за бегалци, "Save the Children" и Црвениот крст.