Ekip
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
ДАНСКА (АА) - Данската десно ориентирана малцинска влада порача дека настојува од бегалските квоти на ОН да направи систем кој ќе биде „флексибилен“ за таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката за интеграции Ингер Стоејберг изјави дека Данска прифаќа околу 500 такви бегалци секоја година од 1989.
Стоејберг, која ја сметаат за претставничка на тврдата линија кога станува збор за имиграции, изјави дека Данска не сака да се обврзува и дека не верува оти има доволно место за квота за бегалците оваа година.
Таа додаде дека Данска примила околу 56.000 спонтани баратели на азил од 2012 година и дека многу од нив се обидуваат да ги донесат своите роднини. Таа изјави дека прво би требало да се интегрираат оние кои се наоѓаат во Данска.
Антимирациската данска Народна партија, која ја поддржува владата, го поддржа и овој предлог.
Данска прими околу 20.000 баратели на азил во 2015 година, многу помалку во споредба со бројот кој го примија Шведска и Норвешка.