Enes Kaplan
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата лидери во текот на разговорот укажаа на важноста на стратешкото партнерство на земјите, како и на важноста на јакнењето на билатералните односи, и вложување заеднички напори во јакнењето на стабилноста во регионот.
Турскиот претседател Ердоган и претседателот на САД, Трамп, во текот на денешниот разговор се сложија дека би можеле да се состанат на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.