Murat Ünlü
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
ПАРИЗ (АА) - Откако ураганот Ирма ја разори Куба, оставајќи зад себе повеќе од 20 страдани на Карибите, Франција на островите Сент-Мартин и Сент-Бартхелеми прогласи состојба на природна катастрофа, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за карипските острови кои се поделени меѓу Франција и Холандија. Одлуката објавена во службените весници е донесена по големата материјална штета која ураганот ја предизвика на подрачјето Сент-Мартин и Сент-Бартхелеми.
Државното осигурувачко друштво во Франција CRR, кое е задолжено за штетата предизвикана од придоните несреќи, претпоставува дека штетата од ураганот на двата острови изнесува околу 1,2 милијарди евра.
Наведоа дека станува збор за една од најважните и најголеми бури кои го зафатиле ова француско подрачје во последните 35 години.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Џерард Коломб, изјави вчера дека на два острови загинале деве лица, седум се водат како исчезнати, а повредени се 112.
На социјалната мрежа Твотер напиша дека на тоа подрачје за помош на граѓаните биле ангажирани 1.100 лица.
На островот Saint-Martin се уништени околу 60 отсто од стамбените објекти.
Ирма вчера премина во петта категорија по сила додека илјадници лица на Карибите очајнички бараа засолниште и бегаа од островот, а околу шест милиони лица на Флорида и Џорџија се предупредени да ги напуштат своите домови.
Пуерто Рико, Доминиканска Република и источниот дел на Куба пријавија дека немало многу жртви или материјална штета до средина на попладнето вчера откако Ирма премина преку најголемиот остров на северниот дел на Карибите.
Ураганот руши куќи, училишта, патишта, продавници, ги искина електро, водоводните и телефонски водови, зароби илјадници туристи, ги откорна дрвјата од корен, оставајќи зад себе пејсажи пекриена со парчиња лим и дрво.
Многу лица побегнаа од островот на тракети и рибарски чамци за да го избегнат ураганот Jose, четврт по категорија со ветер од 150 километри на час, кој овој викенд би можел да зафати некои места повторно.