Recep Şakar
16 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
МЕЛБУРН (АА) - Во напад на морско куче во западниот дел на Австралија беше сериозно повреден сурфер од Аргентина, а Светската сурферска лига (ВСЛ) го одложи натпреварувањето кое требаше да се одржи недалеку од местото каде што се случил нападот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Австралиските медиуми објавија дека сурферот од Аргентина, Алехандро Траваглини е сериозно повреден во напад од ајкула на плажата Каблстонс во Грејстаун.
Ајкулата го гризнала 37-годишниот сурфер за двете нозе, по што бил пренесен со амбулантен хеликоптер во болницата во Перт. Лекарите соопштија дека станува збор за сериозни повреди, но дека повредите не се опасни по живот.
Морското куче со должина од околу четири метри беше видено на плажата и два часа по нападот, поради што Светската сурферска лига го одложи меѓународниот натпревар „2018 Margaret River Pro“ („Маргарет ривер про“), кој требаше да се одржи во регионот.
Последниот смртоносен напад на морско куче на плажите во Грејстаун се случи во 2013 година кога животот го загуби 35-годишниот Крис Бојд.