Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
ИДЛИБ (АА) - Асадовиот режим, како и странските терористички групи поддржани од Иран, и покрај Договорот од Сочи постигнат за зачувување на примирјето, извршија артилериски напад во јужниот дел на Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Силите на режимот ги нападнаа линиите на фронтот на воената опозиција, како и цивилните населени места во зоната разоружена во рамки на Договорот од Сочи, која се наоѓа во границите на зоната за деескалација во Идлиб.
Според информациите добиени од локалните извори, синоќа бил извршен артилериски напад во руралното подрачје на Хан Шејхун, во местото Џерџеназ и во селата Хас и Тух кои се наоѓаат во јужниот дел на Идлиб; во местото Бидама при подрачјето на Џизр еш Сугур и во селата Наџије и Јунаије, кои се наоѓаат во југозападниот дел на Идлиб; во подрачјата на Латамне, Кефер Зита и во селата Ел Арбин и Тел Шахир, и кои се наоѓаат во северниот дел на Хама.
Изворите на Цивилната одбрана истакнаа дека сѐ уште не постојат информации околу жртви и повредени.
Во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (СНХР), објавен минатиот месец, беше наведено дека во нападите на Асадовиот режим во Идлиб извршени од 17 септември 2018 година, кога беше потпишан Договорот од Сочи, сѐ до 24 декември 2018 година, животот го загубија 45 цивили, меѓу кои 6 жени и 22 деца.
Продолжуваат нападите на силите на режимот, додека воената опозиција на 10 октомри 2018 година ги повлече тешките оружја од зоните утврдени со постигнатиот договор.