Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Hamdi Yıldız
05 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
КАИРО (АА) - Арапската Унија упати порака до Обединетите нации (ОН), Четворката од Блискиот Исток (ОН, САД, Русија и Европската Унија) и организациите за човекови права во светот да го земат палестинскиот народ под покровителство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Арапската Унија се упатува порака до ОН, Четворката од Блискиот Исток и комисиите за човекови права во светот, палестинскиот народ да биде земен под покровителство и да се принуди Израел да прекине со нападите врз Појасот Газа.
Се повикува да се преземе потребната одговорност за палестинскиот народ да биде ставен под покровителство.
Генералното собрание на ОН во ноември 2018 година донесе одлука да обезбеди меѓународна заштита на окупираниот палестински народ. Но меѓународната одлука сѐ уште не е спроведена поради неприфаќањето на Израел, кој има голема поддршка од Соединетите Американски Држави (САД).
Забележано е дека повиците на Арапската Унија за решавање на проблемите во регионот, чиј центар се наоѓа во Каиро и ја претставува највисоката политичка институција на арапските земји, честопати немаат одговор во светот.
Во Појасот Газа во петокот, откако за време на протестите „Голем марш за враќање“ беа повредени двајца израелски војници со снајперски оган, насилствата беа зголемени. На израелските напади врз цивилните населби, од Газа беше одговорено со ракети.
Бројот на Палестинци кои загинаа во последните воздушни напади врз Појасот Газа се зголеми на 7. Бројот на повредени, според изворите, изнесува 43.