Aşkın Kıyağan
29 Септември 2022•Ажурирај: 30 Септември 2022
ПРАГА (АА) ‒ Илјадници луѓе во Чешката Република излегоа на протести против Владата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите се собраа на Вацлавскиот плоштад во главниот град Прага и побараа оставка на петпартитната коалициска Влада.
Тие побараа Чешка да ги напушти Европската Унија и НАТО и да биде неутрална, а побараа и продолжување на увозот на природен гас од Русија според посебен договор.
Изразувајќи го своето незадоволство од украинските мигранти, демонстрантите најавија дека следните демонстрации ќе ги одржат на 28 октомври.
Протести се одржаа и во други градови низ земјата против растечките трошоци за живот, санкциите на ЕУ против Русија и антимосковската политика на Владата.