Kasım İleri
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Според анкетите спроведени во САД, 50 отсто од испитаниците сметаат дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е одговорен и дека треба да биде процесуиран за настаните во Конгресот на 6 јануари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истражувачката компанија „Maris Survey“ анкетираше 1.313 лица од 50 сојузни држави во САД, во период меѓу 24 и 27 јануари.
Учесниците во анкетата се прашани за ефектот на американскиот претседател Џо Бајден во водењето на земјата и за судењето на Трамп во Сенатот, што започнува следната недела.
Преземањето на Бајден на должноста претседател го поддржаа 49 отсто од испитаниците, додека 35 отсто беа против.
На прашањето за тоа каде Бајден ја води државата, 47 отсто од испитаниците рекоа дека тоа доведува до промени на подобро, 32 отсто од испитаниците дека доведува до промени на полошо, додека 14 отсто изјавија дека не доведува до какви било промени. Седум отсто од учесниците не одговорија на прашањето.
Резултатите од истражувањето покажаа дека 50 отсто од испитаниците сметаат дека Трамп би требало да биде прогласен за виновен и казнет за време на судската постапка што започнува во Сенатот на 8 февруари, додека 41 отсто изјавија дека Трамп треба да биде ослободен, а девет отсто не изразија мислење.
Сенатот го прими барањето за отповикување на Трамп поради нередите што на 6 јануари се случија кога неговите поддржувачи упаднаа во зградата на Конгресот. Во нередите животот го загубија најмалку пет лица.
Претставничкиот дом на Конгресот на 14 јануари изгласа отповикување на Трамп, кој се товари за предизвикување бунт, а во продолжението на процесот ќе се изјасни и Сенатот како горен дом на Конгресот.
Судењето на Трамп во Сенатот би требало да започне на 8 февруари, а за отповикувањето е потребно двотретинско мнозинство во Сенатот, кој во составот има вкупно стотина сенатори.