Ekipa
12 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
МОСКВА (АА) - Американскиот претседател Трамп, го именуваше адвокатот, Џон Саливан, за заменик на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, соопшти Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за поранешен функционер во американското министерство за правда, одбрана и трговија.
Американскиот стејт департмент е под надзор откако Трамп стапи на должност и го потпиша декретот со кој се замрзнува вработувањето во федералната влада.
Речиси сите водечки позиции се непополнети или привремено пополнети откога Трамп најави значајно намалување на буџетот за Стејт департментот.
Трамп го именуваше Саливан во моментот кога Тилерсон се наоѓа во официјална посета на Москва.