Hakan Ceyhan Aydoğan
12 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, соопшти дека на средбата со американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, ќе се обидат да ги разберат вистинските намери на Вашингтон околу билатералните односи и ставовите во однос на глобалните прашања, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров и Тилерсон ја започнаа својата средба во резиденцијата за прием на гости на Министерството за надворешни работи во Москва.
Во делот од средбата отворен за медиумите, Лавров изјави дека средбата со Тилерсон претставува добра можност за разгледување на опциите за заедничка соработка на сите полиња, првенствено во формирањето заедички фронт во борбата против тероризмот.
Лавров за гранатирањето на воената воздушна база во Сирија од страна на САД рече дека тоа е во спротивност со законите, и додаде: „На таа тема разговаравме телефонски. Русија даде изјави од високо ниво. Сметаме дека е важно да не се повторат ваквите активности“.
Лавров истакна дека Русија е подготвена за дијалог и соработка со САД заснована на почит и на заедничките интереси. „Подговени сме за колективна соработка. Во оваа точка, многу е важно да го разбереме вашиот став и вашата вистинска намера“, рече Лавров.
Рускиот министер Лавров истакна дека ставот на руската меѓународна политика не се менува според цикличните настани, и дека не се принудени на избор поради соговорниците кои велат „со нас сте или против нас“.
- „Се надевам дека ова ќе биде отворена и искрена средба“ -
Министерот за надворешни работи на САД, Тилерсон, рече оти се надева дека со Лавров ќе има отворена и искрена средба за иднината на американско-руските односи и за глобалните теми.
Тилерсон истакна дека средбата се случува во многу важен период, и додаде: „Ќе се обидеме да ги разбереме меѓусебните ставови и гледиштa. Ќе зборуваме за теми за кои имаме различни и исти гледишта. Ќе ги разгледаме причините за различните гледишта“.
Лавров и Тилерсон ќе одржат задничка прес-конференција по средбата, во вечерните часови.