Nazlı Yüzbaşıoğlu
19 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, разговараше телефонски со државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатски извори, овој разговор е направен по барање на другата страна.
Во разговорот се дискутирало во врска со подготовките за состанокот на министрите за надворешни работи на глобалната коалиција за борба против ДЕАШ кој ќе се одржи во Вашингтон, како и посетата на Тилерсон во Турција.
Во телефонскиот разговор двајцата министри одлучија во нивната следна средба да разменат идеи во врска со последните случувања во Сирија.
Чавушоглу претходно изјави дека амеркинаскиот државен секретар Тилерсон на 30. март ќе допатува во Турција.