İbrahim Hakkı Çetinkaya
21 Јуни 2021•Ажурирај: 25 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Американската морнарица употреби 18.143 килограми експлозив за да ја тестира издржливоста на борбениот авион „USS Gerald R. Ford“ во борбени услови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот на „Би би си“, 18.143 килограми експлозив биле активирани како дел од контролите за тестирање на способноста на „USS Gerald R. Ford“ во рамките на „Шок испитувања на морнарицата“ спроведени на источниот брег на САД.
Во соопштението на Геолошкиот институт на САД (USGS) се наведува дека експлозијата била со слична јачина како земјотрес од 3,9 степени.
По извршените други тестови, се нагласува дека воениот брод „USS Gerald R. Ford“ ќе биде повлечен во пристаништето за негова модернизација, одржување и поправка.