Gözde Bayar
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
АНКАРА
Експлозив поставен од терористите ги погоди возилата на заедничката патрола на турските и руските трупи во северозападна Сирија, предизвикувајќи штета, но нема жртви, се соопштува од турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трупите ја извршуваа нивната 21 заедничка патрола во Идлиб кога експлозија на бомба поставена покрај патот оштетила две возила од конвојот, соопшти турското Министерство.
„Нема загинати, но две возила во конвојот претрпеа делумна штета“, се додава во соопштението.
„Заедничките патроли ќе продолжат со посветеност и сите потребни мерки“, се истакнува во соопштението.
Терористичката организација не беше именувана, но ЈПГ/ПКК е активна во тој регион.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.