Recep Şakar
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
МЕЛБУРН (АА) – Во празна куќа во Крајстчрч, Нов Зеланд, откриен е пакет кој содржи експлозивен материјал и муниција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Радио Нов Зеланд (Radio New Zealand), во една куќа во населбата Филипстоун бил откриен пакет кој содржи експлозивни материјали и муниција, и поради тоа населбата била затворена за влез и излез.
Полициските тимови кои добиле дојава дека има „сомнителен предмет“, стигнале во областа, и од безбедносни причини ги евакуирале домовите на улиците „Њукасл“, „Глазгов“ и „Хароу“.
Полицијата побарала граѓаните да се оддалечат од областа и го забранила влезот и излезот во населеното место сѐ додека Единицата за уништување на експлозиви не обезбеди контрола врз пакетот со експлозивен материјал и муниција.
Полицискиот инспектор од Кантербери, Џон Прајс, истакна дека 33-годишен маж, кој бил приведен поради пакетот со експлозивен материјал, дал изјава во полициска станица.
Откако била обезбедена контрола врз пакетот, била отстранета блокадата за влез и излез од областа.
Во терористичкиот напад на џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч, Нов Зеланд, што се случи на 15 март, за време на одржувањето на петочната молитва, беа убиени 50 лица, и исто толку беа повредени.