Muhammed Boztepe
03 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
АНКАРА (АА) - Екипите на турското жандармериско разузнавање и МИТ спроведоа заедничка операција против терористичката организација ДЕАШ во која запленија 1 тон експлозив, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското министерство за внатрешни работи соопшти дека добиле информации дека во северниот дел на Сирија, во подрачјето на градот Баб, терористичката организација ДЕАШ има работилница за изработка на бомби. Врз основа на оваа информација, екипите на турското жандармериско разузнавање и МИТ, под надзор на жандармериските експерти за експлозивни направи спроведоа операција заедно со локалните безбедносни сили.
Во операцијата фатени се терористите на ДЕАШ кои планирале да изведат поголем број терористички бомбашки напади во Сирија и Турција.
При пребарувањето на работилницата пронајдени се 80 монтажи за изработка на бомби кои се активираат преку мобилен телефон, со токи-воки, преку тајмери, со запалки чувствителни на притисок (тежина), со запалки чувствителни на потрес и бомби, кои се активираат со електронски картички. Покрај тоа, пронајдени се експлозивни стапчиња и фабрикуван експлозив од околу 1 тон.
Запленети се и 833 експлозивни запалки, 300 батерии и други материјали за подготовка на 480 рачно изработени експлозивни направи и бомбашки елеци.
Благодарение на заедничката операција на МИТ и екипите на турското жандармериско разузнавање, спречени се голем број големи и крвави напади.