Yaser Albanna,Hamdi Yıldız
03 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
ГАЗА
Израел, за време на протестите одржани вчера, рани тројца новинари во Ерусалим (Кудс) и во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Комитетот за поддршка на новинарите, Салих ел Мисри, изјави „Во петокот израелските војници ранија тројца новинари кои ги следеа протестите во Ерусалим и Газа.“
Во врска со нападите врз новинарите кои ги следеле протестите, Мисри рече „Израел, од почетокот на Маршот на големото враќање кое започна во март 2018 година, досега уби двајца новинари, а 353 се повредени од истрели од оружје на израелските војници или од фрлените гасни бомби.“
Во однос на инсистирањето новинарите да се цел на напади, Мисри истакна дека тоа е дел од планот на Израел да се спречи следењето на протестите „Маршот на големото враќање“.
Мисри во својата изјава ги даде следните информации:
„Израелските сили во подрачјето на долината Ел Химс во Ерусалим (Кудс) го нападнаа дописникот на „Асошиејтед прес“ (АР), Ијад Хамед, при што му е скршена ногата. Од друга страна, Усаме ел Кахлут, дописник на весник кој го следел Маршот на големото враќање во Газа со вистински куршум е погоден во нозете, додека Хатим Омер, вработен за официјалната кинеска агенција „Синхуа“ е погоден во нозете со пластичен куршум.“
Израелските војници вчера за време на протестите „Маршот на големото враќање“ во Газа пукаа врз демонстрантите, при што се повредени 49 лица, од кои 24 со вистински куршуми.
Палестинците од Западниот Брег протестираат кревајќи го својот глас со цел да бидат чуени од светот поради израелските нелегални рушења на домовите во кои живеат.
Од 30 март 2018 година Палестинците од Газа спроведуваат мирни протести на границата меѓу Појасот Газа и Израел под името „Марш на големото враќање“.
Израелските војници, пак, со вистински куршуми пукаат врз цивилното население кое бара да се врати на териториите од кои е протерано и да се отстрани незаконската блокада на Газа која трае од 2006 година. Израелските војници досега убија повеќе од 200 Палестинци кои учествува на мировните демонстрации кои траат повеќе од една година.