Операција Извор на мирот

Турските сили продолжуваат со расчистување на мините и експлозивот во северна Сирија

Безбедносните сили ги деактивираат мините и импровизираните експлозивни направи во Тел Абјад, подрачјето кое беше ослободено од терористите на ЈПГ/ПКК со антитерористичката операција на Турција

Erdoğan Çağatay Zontur  | 31.10.2019 - Обновена : 01.11.2019
Турските сили продолжуваат со расчистување на мините и експлозивот во северна Сирија

ШАНЛИУРФА (АА) - Турските сили, во напорите за враќање на нормалниот живот во Тел Абјад, северна Сирија, продолжуваат со расчистувањето на мините и експлозивот од местото каде што се одвиваше антитерористичката операција „Извор на мирот“, јавува Anadolu Agency (AA).

Безбедносните сили ги деактивираат мините и импровизираните експлозивни направи во Тел Абјад, подрачјето кое беше ослободено од терористите на ЈПГ/ПКК со антитерористичката операција на Турција. Активностите да се врати животот во нормала во подрачјето продолжуваат, при што турската војска ги обезбедува основните потреби за населението.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на миротот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Анкара и Москва постигнаа договор според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат 30 километри јужно од турската граница со северна Сирија во рок од 150 часа, а безбедносните сили на Турција и Русија ќе вршат заеднички патроли во тоа подрачје.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.