Операција Извор на мирот

Турско МО: „Турција и Русија дискутираа за спроведување на Договорoт за Сирија на терен“

„Турските и руските воени делегации разговараа за тактичките и техничките аспекти на имплементација на договорот на терен“

Büşra Nur Bilgiç  | 30.10.2019 - Обновена : 31.10.2019
Турско МО: „Турција и Русија дискутираа за спроведување на Договорoт за Сирија на терен“

АНКАРА (АА) - Воените делегации на Турција и Русија дискутираа за имплементирање на Договорот од Сочи за Сирија на терен, се соопштува од турското Министерство за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турските и руските воени делегации разговараа за тактичките и техничките аспекти на имплементација на договорот на терен“, се вели од Министерството.

Заедничките преговори одржани во периодот од 28 до 30 октомври во Анкара, со цел планирање на воените активности во рамките на Договорот од Сочи склучен на 22 октомври се завршени“, се соопштува од Министерството.

Опишувајќи ги преговорите како позитивни и конструктивни, Министерството соопштува дека соработката ќе продолжи.

Турските сили на 9 октомври ја започнаа воената операција „Извор на мирот“, на североистокот на Сирија, со цел елиминација на терористичките елементи на ЈПГ/ПКК поради обезбедување на турската граница и овозможување на доброволно враќање на сириските бегалци. Операцијата го штити и територијалниот интегритет на Сирија.

На 22 октомври Ердоган и Путин одржаа состанок во рускиот град Сочи.

Анкара и Москва постигнаа договор, според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат 30 километри јужно од турската граница со северна Сирија во рок од 150 часа, а безбедносните сили на Турција и Русија ќе вршат заеднички патроли во тоа подрачје.

Периодот од 150 часа заврши вчера.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.