Ekipa
28 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД/АНКАРА (АА) – Војниците на Сириската национална војска (СНВ) во окружниот центар на Тел Абјад забележаа возило натоварено со експлозив и спречија терористички напад. Бомбите во автомобилот беа детонирани контролирано, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во Тел Абјад, кој беше исчистен од терористите при операцијата „Извор на мирот“, продолжуваат активностите за пребарување на теренот.
Војниците на СНВ, во тој контекст, вчера во подрачјето на Тел Абјад забележаа возило натоварено со експлозив од страна на терористи на ЈПГ/ПКК.
Со претходно преземени се мерки, а бомбите од возилото се однесени во точка оддалечена од цивили и детонирани под контрола на експерти.
Министерството за национална одбрана на Турција вчера соопшти дека друго возило во Тел Абјад натоварено со експлозив од терористи на ЈПГ/ПКК било детонирано од страна на Тимот за откривање и уништување мини и рачно изработени експлозиви (МЕТИ).
Исто така, во една рурална област на Тел Абјад, претходниот ден, како резултат на експлозија на мотоцикл натоварен со експлозив, беа повредени 5 цивили, од кои 3 беа деца.
Градот Тел Абјад, кој се наоѓа на сириска територија спроти областа Акчакале, Турција, на 13 октомври беше ослободен од терористите на ЈПГ/ПКК.