Ruslan Rehimov
27 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
БАКУ
Во соопштението дадено од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека судирите продолжиле главно на фронтовската линија во Хоџавенд, Фузули и Губадли, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Војниците на Азербејџан ги спречија обидите за напад на ерменската Армија. Ерменските војници, кои претрпеа загуби, се вратија назад.
Во соопштението се наведува дека азербејџанската Армија ја уништила станицата од каде што се управува 18-тата Моторизирана пешадиска дивизија на ерменската Армија, а меѓу загинатите ерменски војници се наоѓа и началникот на Дивизијата.
Се наведува дека во различни области на фронтот уништени се еден тенк од типот „T-72“, 4 хаубици „D-30“, 3 хаубици „D-20“, еден ракетен систем „Град“, една радарска станица и 6 возила на ерменската Армија.
Исто така, во соопштението се нагласува дека се неутрализирани голем број војници на ерменската Армија.
Се подвлекува дека ситуацијата на фронтот е под контролата на азербејџанската Армија.
Привремениот хуманитарен прекин на огнот во Нагорно Карабах, што го објавија САД, стапи на сила на 26 октомври во 8:00 часот по локално време.