Ruslan Rehimov
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија, која започна операција за ослободување на своите територии под окупација, уништи касарна на ерменската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека касарната лоцирана во селото Тонашен, на линијата на фронтот кај Тaртaр, била погодена со топовски оган од азербејџанската Aрмија.
Се наведува дека во касарната во селото Тонашен уништена е муниција и друга воена инфраструктура на 7. Полк на ерменската Армија.
Министерството сподели снимки од моментите на нападот врз касарната.