Hacer Başer
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
КАИРО (AA) – Поранешниот египетски премиер Ахмет Шафик е приведен во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), земја во која живее од 2012. година. Ова тврдење го изнесе неговиот адвокат Дина Адил Хусеин, преку социјалната мрежа Фејсбук (Facebook), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Властите на ОАЕ го приведоа Шафик во неговиот дом, со намера да го испорачаат на Египет", напиша адвокатот Хусеин
Тој додаде дека е прекината секаква комуникација со неговниот клиент и дека не добил никакво објаснување од ОАЕ.
Властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) воведоа забрана за патување на Ахмед Шафик, којшто е поранешен египетски премиер, откако соопшти дека ќе се кандидира на претседателските избори кои 2018. година ќе се одржат во Египет.
Шафик, претседател на Египетското патриотско движење, од 2012. година се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати.
Неговиот адвокат Дина Адил Хусеин неодамна за АА изјави дека Шафик во наредните неколку дена, по посетата на Париз, ќе отпатува во Египет.
Според неговите зборови, Шафик во Париз би требало да се состане со египетските државјани. Сето тоа, рече Хусеин, би можело да се случува два-три дена.
Шафик, кој се наоѓа на чело на Египетското патриотско движење, беше последниот премиер за време на владеењето на соборениот египетски лидер Хосни Мубарак. Од 2012. година се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
На претседателските избори во Египет, одржани во јуни 2012. година, Шафик освои 48,27 отсто гласови, а неговиот противкандидат и победник на изборите, Мохамед Морси освои 51,73 отсто.