Sayed Khodaberdi Sadat
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку две лица загинаа во експлозии во Џалабад на подрачјето на Нангархар на источниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Трите експлозии се случија една по друга, а портпаролот на гувернерот на Нангархар, Атаулах Хогани изјави за АА дека експлозивните направи биле монтирани на мотоциклите оставени на влезот во зградата на една приватна телевизија. Бомбите се активирани со далечински управувач.
Преостанатите две бомби се поставени во корпи за ѓубре. Другата е активирана во исто време како и првата на влезот во телевизијата. Кратко потоа експлодираше и третата бомба.
Хогани истакна дека загинале двајца припадници на безбедносните сили и дека се ранети најмалку шест лица. Сеуште никој не презеде одговорност за нападот.