Emel Öz Gözellik
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Најмалку илјада цивили загинаа во Сирија во текот на ноември, соопшти Сирискиот опсерваториум за надгледување на човековите права (СНХР), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на СНХР, во судирите помеѓу силите на режимот на Асад, опозициските сили, терористичките организации ДЕАШ и ПЈД/ПКК, руските коалициски сили, загинаа најмалку 996 цивили, меѓу кои 209 деца и 59 жени.
Наведено е исто така дека во нападите на силите Асад на цивилите загинаа најмалку 503 цивили, меѓу кои 74 деца, а во руските воздушни напади загинаа 279 цивили, а од тоа 95 деца и 44 жени.
Во нападите на терористичката организација ПЈД/ПКК, на која САД ѝ пружа поддршка, загинаа 15 цивили, а во нападите на ДЕАШ најмалку 114 лица, од нив 16 деца и 10 жени.
Во извештајот исто така се наведува дека во нападите на коалицијата на чело на САД загинаа 6 цивили, а во нападите на опозициската војска пет лица.
Исто така, во текот на ноември страдаа уште најмалку 74 лица, меѓу кои 24 деца и пет жени, за кои сеуште не е познато како страдаа.