свет

Автомобил удри во џамија во источна Франција

Сè уште е нејасно дали случајот бил напад или обид за самоубиство

Nilay Kar  | 22.09.2019 - Обновена : 23.09.2019
Автомобил удри во џамија во источна Франција

ПАРИЗ (АА) - Синоќа во францускиот град Колмар се случи несреќа во која автомобил удри во една џамија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Возилото удри во Големата џамија на Колмар, оштетувајќи ја нејзината порта и врата“, се вели од Управата на Горна Рајна.

Возачот на автомобилот е однесен во болница, поради повреда со нож во пределот на вратот.

Сè уште е нејасно дали случајот бил напад или обид за самоубиство.

Започната е истрага во врска со инцидентот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.