свет

Франција: Протестите на „Жолтите елеци“ влегуваат во 45. недела

Како последица на демонстрациите, околу 30 метро станици во Париз беа затворени

Nilay Kar  | 22.09.2019 - Обновена : 23.09.2019
Франција:  Протестите на „Жолтите елеци“ влегуваат во 45. недела

ПАРИЗ (АА) - Демонстрантите од „Жолтите елеци“ вчера излегоа на улиците низ Франција, влегувајќи во 45. недела од нивните демонстранции против политиките на францускиот претседател, Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).

Демонстрациите кои прво започнаа како последица на зголемувањето на цените на нафтата се претворија во антивладини протести.

За време на вчерашниот протест во Париз, тензиите меѓу полицијата и демонстрантите ескалираа кога демонстратите се обидоа да влезат во улицата Елисејски Полиња

Полицијата со солзавец ги разбрка демонстрантите кои се обидуваа да влезат во железничката станица „Сен Лазар“.

Како последица на демонстрациите, околу 30 метро станици во Париз беа затворени.

Низ земјата се уапсени 163 демонстранти.

Најмалку 11 лица се убиени и илјадници се повредени од почетокот на протестите во ноември минатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın