свет

Нова испорака од САД за терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија

„Камионите синоќа го поминаа преминот „Семелка“ на сириско-ирачката граница“, истакна извор, кој сакаше да остане анонимен

Erdoğan Çağatay Zontur  | 22.09.2019 - Обновена : 23.09.2019
Нова испорака од САД за терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија

АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) испорачаа логистичка поддршка со околу 200 камиони од Ирак за регионите во Сирија окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).

„Камионите синоќа го поминаа преминот „Семелка“ на сириско-ирачката граница“, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.

САД на 9 септември во регионите Ајн Иса и Шадади, кои се окупирани од терористичката организација, доставија 55 камиони со возила, багери и заворени кутии. Претходно, 60 камиони на 4 септември ја поминаа границата до окупираните региони.

САД ја поддржува терористичката организација ЈПГ/ПКК под името СДГ, која се смета за сириски огранок на терористичката организација ПКК.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.

Анкара долго време ги критикуваше САД за соработката со ПЈД/ЈПГ за борба против ДЕАШ во Сирија, велејќи дека користењето на една терористичка група за борба против друга нема смисла.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın