Zehra Ulucak
15 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
КАТМАНДУ
Патнички автобус кој се враќал од една верска церемонија во Непал излетал од патот, при што животот го загубиле 14 лица, а 18 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Праџвал Махарџан, претставник на полицијата, информираше дека автобус со Индуси кои се враќале од храмот „Калинџховк Бхагвати“ излетал од автопатот на 80 километри од главниот град Катманду.
Махарџан соопшти дека во несреќата животот го загубиле 14 лица, меѓу кои има и деца, додека повредени се 18 лица, додавајќи дека се префрлени на лекување во локалните болници.
Како причини за несреќата Махарџан ги наброи лизгавиот коловоз поради врнежите од дожд и намалената видливост поради маглата на патот. Тој информираше дека полицијата започнала истрага за откривање на причината поради која дошло до несреќата.