свет

Акар: „Турција се бори само против терористичките организации“

- „Ние немаме никаков проблем со Курдите ниту со која било друга етничка група. Ние се бориме само со терористичките организации“, рече Акар

Sarp Özer  | 15.12.2019 - Обновена : 16.12.2019
Акар: „Турција се бори само против терористичките организации“ Fotoğraf: Arif Akdoğan/AA

ДОХА

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека Турција и понатаму останува крајно посветена само во борбата против терористичките организации, јавува Агенција Анадолија (AA).

„Ние немаме никаков проблем со Курдите ниту со која било друга етничка група. Ние се бориме само со терористичките организации“, рече Акар во обраќањето на 19. Форум „Доха“ во Катар.

Тој истакна дека во светот има многу нестабилно и непредвидливо безбедносно опкружување кое бара многу поголемо внимание од сите земји, напоменувајќи дека моментално најголеми проблеми се тероризмот, радикалните идеологии, неуспешните држави, замрзнатите конфликти и масовните миграции.

Акар рече дека посебен проблем претставува фактот што разни екстремистички групи и поединци нанесуваат огромна штета не само на своите држави, туку и на многу други држави во светот.

Тој истакна дека Турција е подготвена да го продлабочи дијалогот и соработката на сите полиња со сите што сакаат да го зајакнат мирот и безбедноста во светот, додавајќи дека Турција е една од државите кои се најмногу изложени на тероризмот.

„Според тоа, секое оружје кое се испраќа на ЈПГ завршува во рацете на терористите на ПКК и се користи против Турција“, потенцираше Акар.

Тој рече дека Турција ја започна операцијата „Извор на мирот“ во Сирија за да ги заштити своите граници и својот народ, да ги отстрани терористите на ДЕАШ и ПКК/ЈПГ, за да спречи формирање терористички коридор во северна Сирија и да придонесе за формирање на безбедносна зона.

„Тероризмот и понатаму останува најголемата безбедносна закана за целиот свет. Терористичките организации може да имаат различни имиња, форми и стратегии, но и понатаму треба да бидеме будни и претпазливи. Сепак, треба да знаеме дека не можете да победите една терористичка организација користејќи друга. Како што ДЕАШ не ги претставува муслиманите, исто така ниту ПКК/ЈПГ не ги претставува Курдите“, рече Акар.

Форумот „Доха“, кој започна вчера, а завршува денеска, собра околу 250 истакнати светски претставници и говорници од над 100 земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın