свет

Израелски новинар: „Турската Морнарица спречи израелски брод да врши истражувања во И. Медитеран“

Репортерот на израелскиот „Канал 13“ на Твитер напиша дека турската Морнарица му наредила на израелскиот истражувачки брод „Бат Галим“ да го напушти Источниот Медитеран

Mustafa Deveci  | 15.12.2019 - Обновена : 16.12.2019
Израелски новинар: „Турската Морнарица спречи израелски брод да врши истражувања во И. Медитеран“

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот новинар Барак Равид објави дека турската Морнарица оддалечила израелски истражувачки брод што спроведувал истражувања во Источниот Медитеран, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Репортерот на израелскиот „Канал 13“ на Твитер напиша дека турската Морнарица му наредила на израелскиот истражувачки брод „Бат Галим“ да го напушти Источниот Медитеран.

Истакна дека станува збор за брод на кој на заеднички проект соработувале истражувачи од Израел и Кипар.

Равид во својата објава наведува дека од израелски претставник, кој не го именуваше, добил информација дека брод на турската Морнарица контактирал со израелскиот брод и му наредил да го напушти подрачјето.

Израелскиот новинар исто така тврди дека за време на инцидентот, израелскиот истражувачки брод наводно се наоѓал во водите над кои надлежност имале кипарските Грци.

Министерството за надворешни работи на Турција претходно соопшти дека Анкара никогаш нема да се откаже од своите права во Источниот Медитеран.

„Бесмислено е да се очекува дека нашата земја ќе се потчини пред заканите и дека ќе се откаже од своите права во Источниот Медитеран. Никој не треба ни да се сомнева во продолжувањето на нашите истражувачки активности“, се наведува во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.