Aşkın Kıyağan
22 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
ВИЕНА (AA) - Регионалниот суд во австрискиот Инсбурк донесе одлука со која австрискиот сточар, чија крава нападна и уби германски турист, се обврзува да плати отштета во вредност до 490.000 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Австриската државна телевизија ORF објави дека во Регионалниот суд во Инсбурк е завршен судскиот процес во случајот со настраданиот германски турист, кој го нападна крава во село недалеку од Инсбурк.
Судијата рече дека извештајот на обдукцијата покажал дека германскиот турист настрадал како последица на нападот на кравата, и дека е потврдено дека во овој напад е присутен факторот невнимание на нејзиниот сопственик.
Наведено е дека местото каде што се наоѓала кравата која пасела, не било оградено од патот кој го користеле пешаците, што укажува на фактот дека овој случај можел да биде спречен.
Поради факторот негрижа кога кравата нападнала германски турист, Судот донел одлука со која сточарот се обврзува на исплата на отштета на семејството на настраданиот турист во висина од 490.000.
Нападот се случил во 2014 година, а жртвата била 45-годишен германски турист. Неговото семејство покренало тужба против сточарот.