свет

„Иран има капацитет да се врати на програмата пред нуклеарниот договор“

„Иран има капацитет да се врати на програмата пред нуклеарниот договор", изјави претседателот на Институцијата за атомска енергија на Иран, Али Екбер Салихи.

Tayfur Bayraklı  | 22.02.2019 - Обновена : 23.02.2019
„Иран има капацитет да се врати на програмата пред нуклеарниот договор“

АНКАРА (АА) – Претседателот на Институцијата за атомска енергија на Иран, Али Екбер Салихи, истакна дека ако има потреба Иран има технолошки капацитет да се врати на програмата пред нуклерниот договор, пренесува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Институцијата за атомска енергија на Иран, Салихи, во изјавата дадена за телевизијата „Ал Џезира“ со седиште во Катар, ја оцени нуклеарната програма на својата земја.

Тој истакна дека очекува од Европа да ги преземе неопходните чекори во однос на заштитата на нуклеарниот договор од кој САД се повлекоа еднострано.
Салихи, осврнувајќи се на проблемите меѓу Техеран и Ријад, рече дека Иран е подготвен за разговори со Саудиска Арабија.

„Нашиот претседател претходно неколку пати повика на разговори со Саудиска Арабија. Иран нема аспирации кон територијата на Саудиска Арабија и нејзиното богатство. Ние за сите региони и земји посакуваме мир и безбедност“, рече Салихи.

Салихи, потсетувајќи на економските проблеми на Иран кои произлегуваат од санкциите на САД, истакна: „Точно е дека имаме економски проблеми, но Иран има капацитет во голем број области и е способен да ги надмине тие потешкотии.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.