Recep Şakar
04 Април 2019•Ажурирај: 06 Април 2019
МЕЛБУРН (АА) – Во австралискиот град Аделаида, поранешниот наставник Стефан Џон Хамра, кој сексуално злоставувал две деца браќа во периодот помеѓу 1977 - 1982, осуден е на 12 години затвор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на австралискиот „Канал 9“, Стефан Џон Хамра, кој сексуално злоставил две деца, по речиси 2 години притвор, се појавил пред судија во Окружниот суд во Аделаида.
На судењето судијата Пол Рајс истакна дека семејството на децата жртви на сексуалното злоставување во тоа време од наставникот побарале да им помогне на неговите деца за одредени предмети. Потоа тој, обраќајќи се до обвинетиот, рече: „Семејството имаше доверба во тебе, а ти ги жртвуваше неговите две деца, тоа е големо предавство кон семејството.“
Судијата Рајс истакна дека 63-годишниот Стефан Џон Хамра е осуден на 12 години затвор, поради тоа што пред околу 40 години, помеѓу 1977 и 1982 година, 5 години сексуално злоставувал двајца браќа.
Рајс, исто така, истакна дека сексуалното злоставување длабоко и долгорочно влијаело на животот на браќата. Хамра, кој се наоѓа во затвор од 2017 година, во 2026 година може да поднесе барање за помилување.