Emre Aytekin
09 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
ТОКИО
Борбениот авион Ф-35A на јапонските воздушни сили изчезна од радарот над Пацификот, јавува Anadolu Agency (AA).
Јапонската новинска агенција „Кјодо“ пренесе соопштение на Специјалните воздушни сили на Јапонија во кое се наведува дека авионот Ф-35A, ангажиран во воздушната база „Мисава“, исчезнал за време на тренинг.
Врската меѓу авионот и радарот е прекината во 19:27 часот и тоа додека авионот летал над океанот, на 135 километри источно од базата. Се трага по леталото и пилотот.
Министерот за одбрана на Јапонија, Такеши Иваја, соопшти дека привремено се запрени летовите на другите авиони Ф-35 ангажирани во базата.