Sayed Khodaberdi Sadat
01 Март 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
КАБУЛ (АА) - Според првичните информации, најмалку 35 лица се ранети во бомбашки напад на разузнавачки центар во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Авганистан, Вахид Маџрух за АА потврди дека во регионот Арзан Кимат најпрво се случил напад со автомобил-бомба во близина на зградата на разузнавачкиот центар.
Притоа се ранети најмалку 35 лица, кои се префрлени во блиската болница.
Официјалните лица јавуваат дека по првата експлозија во близина на зградата, друг напаѓач влегол во објектот, по што се судрил со безбедносните сили и се слушнала уште една експлозија.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.