Kasım İleri
01 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
ВАШИНГТОН (АА) – Споделени се нови фотографии на профилот на Централната команда на силите на САД (CENTCOM) на една од социјалните мрежи, на кои се гледа дека се врбувани женски деца на помала возраст, под капата на Сириските демократски сили (СДГ) предводени од терористичката организација ПЈД/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
На својот профил на социјалната мрежа „Твитер“, ЦЕНТКОМ минатиот викенд сподели фотографии на кои се гледа дека оружјето што се дели во северна Сирија им се дава и на „младите воини“. Овие фотографии предизвикаа расправии во јавноста. И покрај ова, американската Централна команда денес повторно преку социјалните мрежи сподели фотографии со пораката: „Подготвени се за војување“. На фотографиите се гледа дека девојчиња на околу 15-годишна возраст земаат обука за оружје.
Командата сподели и фотографии со три женски деца на околу 15-годишна возраст, облечени во униформа, со пораката: „На големо барање – фотографии од жени-воини во борбата против ДЕАШ“.
Оваа тема беше изнесена во јавноста на иницијатива на дописникот на АА во Пентагон, САД. Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис на оваа тема изјави: „Не постои одредена возраст за војување. За нас, секој што држи оружје в рака претставува закана“.
И покрај тоа што во писмено соопштение ЦЕНТКОМ потврди дека САД ги почитуваат човековите права и законите за оружен судир, сепак едно од овластените лица за одбрана изјави дека САД не поставуваат услови во врска со возраста на врбуваните борци наспроти оружјето и муницијата што им го дава на групите предводени од терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија.
Овластеното лице исто така рече дека врбувањето за учество во војна од рана возраст може да се должи на културната структура и оти овој случај не е изненадувачки.