Sayed Khodaıberdı Sadat
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
КАБУЛ
При пад на воен хеликоптер во Фатах, на западниот дел на Авганистан, загинаа двајца пилоти, јавува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека воениот хеликоптер „MI-35“ паднал кратко по полетувањето од централниот дел на покраината Фатах.
Во несреќата, до која дојде поради техничка грешка, загинаа двајцата пилоти, а со истрагата ќе бидат утврдени повеќе детали.