Yusuf Hatip
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
БРИСЕЛ
Претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Шарл Мишел, ќе се состане со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на неговата посета на Турција планирана за 11 јануари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Извори од ЕУ соопштија дека претседателот Ердоган и Мишел ќе се состанат во Истанбул во сабота попладне.
Според изворите, Ердоган и Мишел ќе разговараат за случувањата во Блискиот Исток.
„Мишел секогаш повикуваше на дијалог за намалување на тензиите во регионот. Турција е клучен играч да се обезбеди стабилност во регионот. Затоа ја посетуваме Турција“, нагласуваат изворите од ЕУ.